09.11.2023 Скопје
Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека по 10-часовни борби освоила важно упориште на Хамас во Појасот Газа.
ИДФ соопшти дека заземала упориште познато како „Постава 17“, во западна Џабалија, околу 4 километри северно од градот Газа.
Израелските војници, како што се додава, се бореле против припадниците на Хамас и Исламскиот џихад „над земја и на подземната рута во таа област“.
Според соопштението, за време на борбите биле убиени десетици палестински милитанти, а во нивниот воен камп е пронајдено многу оружје и откриени се шахти од тунели, вклучително и една во близина на градинка, која води до „голема подземна рута“.
ИДФ не соопшти дали имало жртви меѓу израелските војници во нападот.
Подготвено од М.Д.