10.11.2023 Скопје
Израелската војска соопшти дека извршила напади врз Сирија како одговор на нападот со дрон врз училиште во најјужниот израелски град Еилат.
Во соопштението на израелската армија се наведува дека целта била организацијата која го лансирала дронот, без да се прецизира кој стои зад нападот, од каде полетал дронот и што погодила израелската армија во Сирија.
„Сирискиот режим е целосно одговорен за сите терористички активности извршени од сириска територија. Израел силно ќе одговори на секој обид да се нанесе штета на територијата на државата“, соопшти израелската армија.
Последниот месец Израел неколкупати бомбардираше цели во Сирија, а поради нападите, двата главни аеродроми во таа земја, во Дамаск и Алепо, неколку пати во две недели беа во прекин.
Подготвено од А.Ѓ.