21.11.2023 Скопје
Шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, тврди дека се блиску до договор за примирје со Израел.
Во изјавата објавена на Телеграм, Ханије, кој се наоѓа во Доха, главниот град на Катар, рече дека Хамас го дал својот одговор до Катар и другите посредници, без да даде детали.
Претходно, официјален претставник на Хамас, Изат ел-Решик, изјави дека се водат разговори меѓу Хамас и Израел за привремено примирје за време на кое ќе се дозволи влез на помош во Појасот Газа, а дополнително ќе се разменуваат заложници и затвореници.
„Очекуваниот договор ќе вклучува ослободување на израелските заложници, жени и деца, во замена за ослободување на палестинските жени и деца во окупационите затвори“, изјави Ел Решик.
Според него, катарските власти ќе ги соопштат деталите за примирјето,.
Тој рече дека примирјето ќе трае „неколку дена“ и ќе вклучи договори за влез на помош во Газа и размена на заложници.
И американскиот претседател Џо Бајден рече дека верува оти договорот за ослободување на заложниците е блиску.
Приказните за неизбежен договор за заложници се вртат со денови. Минатата недела беше објавено дека катарските посредници бараат договор за Хамас и Израел да разменат 50 заложници во замена за тридневен прекин на огнот што ќе ја зголеми испораката на итна помош за цивилите во Газа.
И порано се чинеше дека договорот е блиску.
„Чувствителните преговори како овој може да пропаднат во последен момент“, рече заменик-советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Фајнер.
Подготвено од А.Ѓ.