03.11.2023 Скопје
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопшти дека нема промена во одлуката да не дозволи гориво во Појасот Газа.
Извештаите во печатот известуваат дека прашањето „не било покренато“ за време на состанокот во Тел Авив кој се одржуваше меѓу премиерот Нетанјаху и државниот секретар на САД, Антони Блинкен.
Израел се спротивставува на зголемениот притисок да дозволи гориво во палестинската ексклава, велејќи дека палестинското исламистичко движење Хамас ги ограбило резервите на Појасот за своја сопствена употреба.
Блинкен, според она што се филтрира низ печатот на Еврејската држава, изјавил дека Израел има право да се брани и дека Вашингтон прави се за да помогне во ослободувањето на повеќе од 240 заложници држени во Газа. Во исто време, шефот на американската дипломатија подвлече дека мора да се направи се што е можно за да се гарантира безбедноста на цивилите кои не се вклучени.
Понатаму, утринава, портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, објави снимка од наводен телефонски разговор со службеник на здравствениот систем во Газа, кој ќе потврди за присуство на гориво во појасот, особено во магацините на Хамас под болниците. Во овој разговор објавен на „Х“ од страна на портпаролот на ИДФ, неидентификуван глас тврди дека Хамас крие „над половина милион литри гориво“ под болницата Ал Шифа во градот Газа.
„Ја следиме ситуацијата во Појасот секој ден. Повеќе од една недела ни велат дека гориво во болниците ќе снема, а тоа не е така. Ќе видиме кога ќе дојде денот кога ќе заврши. Кога ќе пристигне, горивото ќе биде префрлено, со надзор, во болниците и ќе направиме се за да не стигне до инфраструктурата на Хамас“, рече Халеви.
Набргу потоа, канцеларијата на премиерот Нетанјаху сакаше да укаже дека влезот на гориво во Газа „се уште не е одобрен“.
Подготвено од М.Д.