03.11.2023 Скопје

Израел денеска објави дека го опколил градот Газа по седумдневни копнени борби против Хамас и тешко бомбардирање на палестинската територија.

„Израелските војници го завршија опкружувањето на градот Газа, каде што се наоѓа центарот на терористичката организација Хамас“, изјави портпаролот на израелската армија, генерал Даниел Хагари.

Израел, исто така, соопшти дека извршил „голем напад“ денеска врз цели на Хезболах во јужен Либан како одговор на нападот врз северниот израелски град Кирјат Шмона, во кој беа повредени две лица.

Одговорноста за нападот ја презеде вооружениот огранок на Хамас во Либан.

Нападот е извршен ден пред првото јавно обраќање на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, кој ќе одлучи дали неговата моќна организација отворено ќе го вклучи Либан во конфликтот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *