24.11.2023 Скопје
Денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека изјавите за „воен Шенген“ само ги ескалира тензиите во Европа.
Реакцијата доаѓа откако шефот на логистичката команда на Алијансата, Александар Солфранк, изјави дека треба да се формира таква зона внатте во која војските на членките слободно ќе се движат.
„НАТО отсекогаш ја сметаше нашата земја за условен непријател. Сега ја смета за очигледен непријател. Ова не е ништо повеќе од ескалација на тензиите во Европа, што има свои последици“, рече Песков.
Тој додаде дека изјавите на лидерите на Алијансата покажуваат дека Европа не ја слуша загриженоста на Русија.
Портпаролот на Кремљ изјави дека НАТО се движи кон руските граници и дека тоа ќе доведе до одмазднички мерки.
„Тоа е НАТО што постојано се движи кон нашата граница со својата воена инфраструктура. Тоа предизвикува загриженост и води кон одмазднички мерки“, рече Песков.
Шефот на Заедничката логистичка команда на НАТО, Александар Солфранк, во четвртокот изјави дека треба да се формира „воен Шенген“ во кој трупите на земјите од Алијансата ќе можат слободно да се движат, додавајќи дека силите на НАТО се соочуваат со пречки при префрлање луѓе и муниција. бидејќи тие треба да се усогласат со различни национални прописи.
Тој изјави и дека е неопходно однапред „добро да се подготви“ потенцијалното „бојно поле“ во случај на евентуална примена на член 5 од Повелбата на НАТО за колективна одбрана.
Подготвено од А.Ѓ.