10.11.2023 Скопје
Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска изјави дека решението со две држави е единственото решение за конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
„Убеден сум дека единственото решение што ќе доведе до стабилност и мир е решението на два народа и две држави“, рече Матарела на прес-конференција со претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев во Ташкент.
Тој додаде дека Италија долго време ги поддржува меѓународните напори за ставање крај на кризата со решение со две држави.
Зборувајќи за руско-украинската војна, Матарела рече дека никој не сака да ја понижи Русија поради инвазијата на Украина, но нагласи дека ниту еден спор не може да се реши со напад на сосед.
„Она што го направи Русија е сериозна грешка што го враќа времето назад“, рече италијанскиот претседател.
Тој додаде дека Италија ги охрабрува сите тековни посреднички напори кои го почитуваат територијалниот интегритет на Украина.
Подготвено од А.Ѓ.