15.11.2023 Скопје
Организацијата Лекари без граници (MSF) објави дека е пукано врз една од трите нејзини простории во близина на болницата Ал-Шифа, каде што се засолниле повеќе од 100 луѓе, вклучително и персоналот на Лекари без граници и нивните семејства.
Во соопштението се додава дека луѓето кои се засолниле во просториите на Лекари без храна останале без храна.
„Три дена се обидуваме да ги евакуираме. Лекари без граници бараат од израелската армија и Хамас безбедно поминување за да го напуштат епицентарот на интензивните борби кои моментално се водат во градот Газа“, се вели во соопштението објавено на платформата X.
Организацијата додаде дека илјадници луѓе кои се заробени во болниците и другите места во градот Газа мора да добијат безбеден премин и го повтори својот апел за итен прекин на огнот.
Илјадници раселени луѓе кои се засолниле во болницата Ал-Шифа избегале по експлозиите предизвикани од израелските воздушни напади минатата недела.
Во болницата имало речиси 80.000 луѓе.
Сите медицински услуги во болничкиот комплекс Ал Шифа, најголемиот во палестинската енклава, беа суспендирани во саботата, откако имаше целосен недостиг на гориво потребно за генераторите на струја.
Подготвено од М.Д.