slushanje muzika

24.11.2023 Скопје

Наодите, објавени во списанието Frontiers in Pain Research, сугерираат дека омилената музика создава емоционален одговор кој може да ја ублажи болката.

Слушањето омилени песни „може значително да го намали интензитетот на болката и непријатноста“, додека „непознатите песни немаат таков ефект“, открил водечкиот автор на студијата Дариус Валевичиус, кој го тестирал ефектот на серија мелодии на 63 луѓе.

„Можеме грубо да процениме дека омилената музика ја намали болката за еден поен на скала од десет, што е барем исто толку силно како лек против болки без рецепт“, рече тој.

Научниците тоа го тестирале така што на рацете на учесниците ставиле термичка направа, која го загревала тој дел од телото до степен на болка. Испитаниците од првата група слушале песни кои сами ги избрале, втората група имала песни избрани од истражувачите, а на третата група не пуштала музика.

„Омилената музика, која учесниците во студијата сами ја избраа, имаше многу поголем ефект врз намалувањето на акутната топлотна болка отколку релаксирачката, но непозната музика“, рече Валевисиус.

Претходните истражувања покажаа дека музиката може да помогне во ублажување на физичката болка, депресијата и високиот крвен притисок.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author