10.11.2023 Скопје
Авион Ан-2 со три лица, управуван од авиокомпанијата „Стриж Авија“, исчезна во Чукотка на рускиот Далечен Исток, соопшти претставник за вонредни состојби.
„Авионот полетал од Певек до Пољарна, но во закажаното време на слетување не бил остварен никаков контакт со него. Во авионот има двајца членови на екипажот и еден патник“, изјави службеникот за ТАСС.
Според него, хеликоптерот Ми-8 со спасувачи ја започнал потрагата.
Иако е утврдена последната позната локација на исчезнатиот авион, тој се уште не е откриен, ниту пак е остварен контакт со него. Испратени се и спасувачи и доброволци со теренски возила, наведува руската агенција.
Подготвено од А.Ѓ.