30.11.2023 Скопје
Германската федерална служба за статистика Дестатис соопшти дека според прелиминарните проценки, годишната стапка на инфлација во Германија во ноември падна на 3,2 % на годишно ниво, од 3,8 % во октомври.
Во соопштението на Дестатис се наведува дека ова е најниското ниво на инфлација забележано во Германија од јуни 2021 година.
На годишно ниво во ноември, цените на храната се зголемија за 5,5 %, додека цените на енергијата паднаа за 4,5 отсто.
Инфлацијата во Германија на месечна основа падна за 0,4 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.