01.11.2023 Скопје
Според првите проценки на европската статистичка служба „Евростат“, инфлацијата во еврозоната во октомври достигна 2,9 отсто, откако претходно овој месец беше 4,3 отсто. Ова е најниската инфлација од јули 2021 година.
На годишно ниво најмногу за инфлацијата придонесоа цените на храната, алкохолот и тутунот, кои се зголемија за 7,5 отсто. Растот на цените е нешто умерен во однос на септември кога изнесуваше 8,8 отсто.
Следат цените на услугите кои во октомври пораснале за 4,6 отсто, што е за 0,1 процентен поен помалку од септември и неенергетските индустриски производи кои поскапеле за 3,5 отсто, што е за 0,6 процентни поени помалку во однос на септември.
Во меѓувреме, цените на енергенсите паднаа за 11,1 отсто на годишна основа во октомври, по падот на цената на енергијата од 4,6 отсто во септември.
Инфлацијата во Словенија во октомври беше значително над просекот во еврозоната. Годишниот раст на цените, мерен преку усогласениот индекс на потрошувачките цени, изнесува 6,6 отсто.
Од земјите за кои „Евростат“ има податоци, само Словачка имала повисока инфлација во октомври со 7,8 отсто и Хрватска со 6,7 отсто.
Германија во септември имала три отсто инфлација, Франција 4,5 отсто, Италија 1,9 отсто, а Австрија 4,9 отсто.
Белгија (-1,7 отсто) и Холандија (-1 отсто) забележаа дефлација во октомври.
Инфлацијата во еврозоната во октомври е намалена повеќе отколку што очекуваа аналитичарите, кои очекуваа да се смири до три проценти.
На ниво од 2,9 отсто, инфлацијата во 20-те членки на еврозоната е се поблиску до целта од два отсто што ја постави Европската централна банка (ЕЦБ). Со зголемувањето на каматните стапки минатата година, тоа придонесе за пад на инфлацијата, која минатата есен беше дури и над 10 отсто.
ЕЦБ предвидува просечна годишна инфлација од 5,6 отсто за оваа година, 3,2 отсто за следната година и 2,1 отсто за 2025 година.
Подготвено од А.Ѓ.