kurkumaa

24.11.2023 Скопје

Инспекторатот на Хрватска ги повика клиентите да го вратат производот од куркума од 100 грама во прав „Халди“ со потекло од Индија, поради зголеменото ниво на пестицидот хлорпирифос.

Производот не е во согласност со регулативата на Комисијата за максимално ниво на остатоци од пестициди во храната и со европската директива, велат од хрватскиот инспекторат.

Се повикуваат клиентите да не го консумираат овој производ чиј рок истекува на 28.02.2024 година и да го вратат во продавницата „Пекиншка патка“ за враќање на парите.

Станува збор за куркума со трговско име „TRS Asia’s faindest foods“ со потекло од Индија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author