11.11.2023 Скопје
Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ утрово доживеа сообраќајна несреќа во која едно лице загина. Министерот управувал со лично возило кое се судрило со комбе. Загинал возачот на комбето.
Несреќата се случила во 06:15 часот на излезот од Винковци во правец кон Жупања.
Од Жупаниската општа болница Винковци потврдија дека министерот е тешко повреден, а владиниот портпарол изјави дека не е во опасност по живот.
Тој од болницата Винковац ќе биде пренесен во КБЦ Осиек. Во болницата Винковац бил примен во 08:30 часот.
Се уште не е познато како точно се случила несреќата. Познато е дека Баножиќ бил на лов кога се случила несреќата.
Подготвено од А.Ѓ.