хорот менада култура тетово

15.11.2023 Скопје

Градскиот хор „Менада“ од Тетово, на 19-ти ноември, на денот на ослободувањето на Тетово, организира концерт на фолклорна музика.

Македонската традиција и обичаи во недела ќе бидат раскажани преку градскиот хор „Менада“, кој во 19 часот, во НУ „Музеј на тетовскиот крај“ (Дом на АРМ) организира концерт во автентичен етно стил. Влезот е слободен.

Хорот е под диригентската палка на проф. д-р Ивица Зориќ, основач и долгогодишен диригент на хорот.

На промотивниот плакат се претставени три невести – Сетолчанки, дело на академскиот сликар Павле Кузмановски, како илустрација на песната „Огреала месечина“.

Подготвено од М.Д.

About Author