08.11.2023 Скопје

Либанската шиитска, проиранска организација Хезболах најави дека доколку Израел продолжи со офанзивата во Појасот Газа, ќе ги зголеми нападите врз израелските погранични области и врз американските воени бази на Блискиот Исток до „целосна конфронтација“.

Наим Касем, заменик генерален секретар на Хезболах, потврди дека неговата група учествува во конфликтот за да се намали притисокот врз Газа и предупреди дека се почестите напади на Хезболах врз Израел имаат за цел да испратат јасен сигнал до израелското раководство дека ако ја прошири копнената операција во Газа ќе има сериозни последици.

„Ако Израел и САД продолжат на овој начин со својата агресија, ја ескалираат агресијата и ја влошат ситуацијата, тоа ќе доведе до целосна конфронтација“, предупреди Касем.

Портпаролот на привремените мировни сили на Обединетите нации во Либан на 6 ноември објави дека постои зголемена загриженост поради зголемениот број цивилни жртви во спорадичните судири меѓу Хезболах и Израел и предупреди дека е забележливо дека непријателствата излегуваат од контрола во пограничните области.

Последен пат кога конфликтот меѓу шиитската организација Хезболах и израелската армија избувна во 2006 година, резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН воспостави прекин на огнот во пограничната зона, која сега ја надгледуваат 12.000 мировници од 36 земји.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *