hezbolah

02.11.2023 Скопје

Либанската шиитска милитантна група Хезболах објави кратко видео на социјалните мрежи со порака „Го чекаме петок“.

Во видеото, Хезболах го најавува обраќањето на неговиот лидер Сајед Хасан Насрала, закажано за петок, 3 ноември, на церемонијата во чест на „мачениците кои паднаа на патот кон Ал Кудс“.

Во говорот се очекува Насралах да ја објави политичката стратегија што Хезболах ќе ја води во иднина.

Борците на Хезболах постојано ја преземаа одговорноста за нападите врз Израел, кој одговори со бомбардирање прекугранични села.

Во соопштението, Хезболах рече дека дејствува во знак на солидарност со палестинската офанзива на Хамас против Израел.

Во последниве недели, судирите на Хезболах со Израел беа чести. Според последните информации, во тие конфликти досега се убиени седум израелски војници и 47 борци на Хезболах.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author