30.11.2023 Скопје
Палестинското движење Хамас вчеравечер му предаде на Меѓународниот комитет на Црвениот крст 14 заложници што ги држеше во Појасот Газа, од кои 10 се Израелци и четворица тајландски државјани.
Претходно денеска Хамас ги ослободи двајцата руско-израелски државјани, Јелена Трупанова и нејзината мајка Ирена Тата, како гест кон рускиот претседател Владимир Путин, надвор од договорот со Израел.
Двајцата биле пренесени во медицинскиот центар Шиба по враќањето во Израел.
Подготвено од А.Ѓ.