hamas

01.11.2023 Скопје

Военото крило на палестинската милитантна група Хамас соопшти дека во следните неколку дена ќе ослободи неколку „странски заложници“.

„Ги информиравме посредниците дека во следните неколку дена ќе ослободиме одреден број странци“, изјави портпаролот на Хамас, Езедин Ал Касам.

Хамас досега ослободи четворица заложници за да се вратат во Израел, додека израелските одбранбени сили ослободија еден од своите.

Израел воведе блокада на Појасот Газа откако палестинската милитантна група Хамас изврши масовен ракетен напад врз јужен Израел на 7 октомври, по што следеше копнена инвазија и зеде повеќе од 200 заложници.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author