hamas

14.11.2023 Скопје

Вооруженото крило на палестинската милитантна организација Хамас ги информираше катарските посредници дека се подготвени да ослободат до 70 жени и деца кои се заробени во Појасот Газа во замена за петдневно примирје.

„Примирјето треба да вклучи целосен прекин на огнот и да овозможи испорака на хуманитарна помош низ појасот Газа“, изјави Абу Убаид, портпарол на бригадите Ал Касам, вооруженото крило на Хамас.

Во аудио снимка објавена на каналот „Телеграм“ тој го обвини Израел дека го избегнува и одложува договорот.

На 7 октомври, палестинската група Хамас изврши ненадеен ракетен напад врз Израел од Појасот Газа, како и упад на израелска територија кога голем број луѓе беа убиени и киднапирани.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author