https://www.facebook.com/photo/?fbid=526481419510080&set=pcb.526481472843408

24.11.2023 Скопје

„Покренав иницијатива во Владата да се пристапи кон законски измени кои ќе оневозможат лицата кои се на листата на санкции на САД, на Европската Унија и на Обединетите Нации да бидат на каква било позиција или да се вработат во администрацијата“, изјави заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Грковска истана дека се неопходни измени кои ќе предвидат дека доколку на некој функционер, кој што во моментот е на позиција, му биде изречена таква санкција, мандатот веднаш да му прекине.

„Затоа што однесувањето како ништо да не се случило, после изрекувањето на таквите санкции  ја урива довербата во институциите и не придонесува кон градење на систем во кој што граѓаните можат да имаат доверба. А корупцијата ќе ја намалиме драстично во оној момент кога ќе се види дека системот функционира непристрасно и има казнивост и санкции за сите оние кои прекршиле етички и морални норми“, рече Грковска.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *