16.11.2023 Скопје

​„Google Maps“ добива неколку нови ажурирања, вклучително и едно дизајнирано да ви помогне да правите планови со пријателите.

Новата „социјална“ функција е дизајнирана да ви овозможи да го префрлите планирањето од групен разговор на Google Maps. Ќе можете полесно да ја споделувате вашата локација, да планирате излети со пријателите и да гласате за групни активности.

Исто така, ќе биде можно да се создаде „список за соработка“, за да можете да започнете да планирате дружења откако ќе споделите локација со пријателите. Секој во групата може да додаде места за кои е заинтересиран, а потоа да гласа за нив.

Google вели дека новата функција ќе им овозможи на корисниците да планираат излети од почеток до крај, директно во апликацијата Мапи – на пример, можете да организирате зимски одмор.

Новото ажурирање ќе се појави глобално на уредите со Android и iOS во наредните недели.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *