https://www.facebook.com/photo.php?fbid=650783619746089&set=pb.100044433699529.-2207520000.&type=3

24.11.2023 Скопје

Ѓоковиќ победи со 6:4, 6:4 и го освои вториот бод, со што се пласираше во полуфиналето за Србија и покрај не многу добриот почеток на натпреварот.

„Сè уште не сум направил целосна допинг контрола, треба да дадам крв. Имав кратка дискусија со луѓето од антидопинг агенцијата. Не верував дека донеле таква одлука, за 20 и повеќе години од мојата кариера, никогаш не ми се случило час и половина пред мечот да одам на допинг контрола, имам своја рутина, не ми треба тоа одвраќање, да ми земаат урина и крв, да размислувам за тоа дали можам да дадам урина во тој момент“, вели Новак.

Потоа додаде: „Нелогична ситуација и одлука. Ми рекоа дека една од важните причини за таа одлука е тоа што ќе заврши доцна, за да ни дадат повеќе време за одмор, но денот на паузата беше… Луѓето од Антидопинг агенцијата не сакаат да седат до доцна, тоа беше уште една причина“.

Ѓоковиќ под здив продолжи: „Јас поддржувам да се тестирам себеси или било кој – сто пати, нема проблем, но не пред натпреварот. Кога ќе завршам, дојди, тестирај, не видов никаква причина или логика, но тоа е тоа што е – сега ќе вадам крв, но се надевам дека ќе ги сменат таквите одлуки. Срамота е тоа што го направија. Интересно е и тоа што ВАДА е приватна компанија, треба да се разговара дали треба да имаме своја агенција во рамките на тенискиот екосистем, а не да ангажираш некој однадвор… Веројатно ќе биде погрешно протолкувано, но ова е нечуено, има некои граници и разбирање, и се однесуваат како ништо да не разбираат што се случува овде, тоа е спорт, но само „ајде, што е работата, дај крв, мочај“.

Подготвено од М.Д.

About Author