https://www.facebook.com/photo.php?fbid=650783619746089&set=pb.100044433699529.-2207520000.&type=3

21.11.2023 Скопје

Освен што му ја ускрати најголемата титула во кариерата, најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ го спречи Јаник Синер во џеб да ја стави најголемата сума пари во историјата од еден турнир и го собори неговиот рекорд од минатата година.

Имено, италијанскиот тенисер без пораз стигна до финалето на завршниот Мастерс во Торино и со тоа имаше право да се бори за рекордни 4.801.500 долари. Сепак, Ѓоковиќ го спречи да ја освои оваа рекордна сума, па Србинот останува рекордер и по овој параметар.

Титулата од 2023 година му овозможи на Новак да го задржи својот рекорд од претходното издание, во кое доби 4.740.300 долари откако стана непоразен шампион.

Ѓоковиќ, кој стигна до својата седма титула по еден пораз во групата (Синер) во Торино, годинава заработи 4.411.500 долари, што е за 330.000 долари помалку од минатото издание.

Подготвено од М.Д.

About Author