https://www.flickr.com/photos/130420633@N06/16007341428/in/photolist-qovNVj-2jEEPDD-2gaBojK-CnY92i-2n3sjwr-2mPsawz-2mKu53B-2hb8KR2-2nDBXAA-raw4QB-2jtC8hL-2kWW11s-2khgULb-A6CnFU-GoMRPR-HzawKA-yCebAk-2nTU9k2-2nJ3BFe-2mov9NV-2nZjnzr-9W1ahq-HDptat-2kBic7B-2n1pk4f-2gjAvY4-2g5n28V-2neTNxw-2gntzsZ-JSW3HE-2nGEJU4-2nCwqdu-2o1zjZU-2kHbNtY-2jJiAgC-2ag5nt9-rLic5j-qYUouK-2dLsZRB-NaY3cV-2iirhke-2nZdyrS-2nTWHcE-2fMZeDq-2nKVjM1-ThHW8j-2iyfYKr-2hb8KRs-ViicLm-2jJizDR

06.11.2023 Скопје

Најголемиот европски производител на автомобили, концернот Фолксваген, нема да вработува нови работници до понатамошно известување.

Тоа е дел од планот за штедење на кој менаџментот е принуден поради малата заработувачка.

Во рамки на програмата за штедење, со која „Фолксваген“ од Волфсбург треба да заштеди милијарди евра, до понатамошно известување е стопирано ангажирањето на нови работници и отворањето нови работни места. Поради програмата за ефикасност, засега нема да има надворешно вработување, потврдил портпаролот на Фолксваген.

Сите погони во Долна Саксонија и Хесен се погодени од оваа мерка.

Заднина на оваа мерка е програмата за ефикасност која раководството на Фолксваген ја преговара со синдикатот од почетокот на октомври. Програмата треба да му помогне на „VW“ да излезе од сегашните тешкотии предизвикани од високите трошоци и честите прекини на производството, со кои компанијата се бори од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Дополнително, електричните автомобили не се продаваат во количини што ги очекуваше менаџментот, а компанијата се уште се влече по судови поради скандалот со дизелот. Конкретно, продажбата на важниот кинески пазар падна. Во септември производството во погоните на „VW“ беше прекинато поради проблеми со ИТ мрежата.

Во првите девет месеци од годинава оперативната профитна маржа падна на 3,4 отсто. Тоа значи дека од 100 евра промет остануваат само 3,4 евра добивка.

Програмата за ефикасност наречена „Програма за перформанси“ објавена летово треба да му заштеди на концернот десет милијарди евра до 2026 година и да ја доведе профитната маржа на 6,5 отсто. Фолксваген пред неколку недели ги демантираше медиумските извештаи дека концернот планира да отпушти 4.000 работници во раководството.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author