germanija

10.11.2023 Скопје

Германија наскоро ќе ја отвори вратата за полесно пристигнување и престој во неа без виза, користејќи ја таканаречената „Картата на можности“, со можност за постојано вработување.

Сепак, оваа слобода е можна со одредени услови кои мора да ги исполните.

Имено, треба да поседувате диплома од факултет или средно образование која е признаена во Германија, која треба претходно да ја заверите, а потоа да можете да се издржувате додека не најдете работа. Исто така, познавање на германски јазик мора да биде најмалку на ниво А1 или мора да го знаете англискиот јазик на минимум ниво Б2. Тоа значи дека ќе можете да живеете во Германија до една година без виза и да барате работа на лице место.

Ако се прашувате како функционира „Картата на можности“, еве објаснување. Во видеото на TikTok, се објавени точните услови и системот на бодување што треба да ги исполните, а можете да ги соберете со добивање шест поени врз основа на диплома или професионална квалификација и еден дополнителен бод, доколку работите во дефицитарна професија.

Исто така, добивате два поени доколку имате до 35 години и еден ако имате помеѓу 36 и 40 години.

Доколку поседувате соодветни сертификати за германски и англиски јазик или ако добро зборувате еден од нив, ќе добиете четири поени. За работно искуство во струката се оценуваат до три бода, а за претходен престој во Германија во траење од шест месеци се добива бод.

И, последниот поен што можете да го заработите е ако имате брачен другар кој ги исполнува условите за „Картата на можности“ и сакате да аплицирате заедно.

Многумина се радуваа на оваа можност, но имаше и такви кои коментираа дека нема да одат таму, ниту да им платат и дека не се сигурни како сами да најдат сигурна работа, без никаква позадина.

@berlininsajder Već neko vreme se priča o ovome, a evo malog pojašnjena. Karta šansi ili Chancenkarte spada kategoriju radnih viza zasnovanu na bodovnom sistemu. Ako želite da se preselite u Nemačku, a ne možete da nadjete posao iz inostranstva već želite da tražite na licu mesta ovo je pravo rešenje. Da biste se kvalifikovali za Chancenkarte, morate ispuniti određene uslove i prikupiti dovoljno bodova. Ako već posedujete diplomu ili stručnu spremu koja je priznata u Nemačkoj, automatski ispunjavate uslove. Potrebno je da nostrifikujete diplonu. Takodje bodove možete prikupiti na sledeći način. Kvalifikacije: Do 6 bodova za diplomu/stručnu spremu + 1 bod ako radite u nekoj deficitarnoj struci. Starost: 2 boda imate 35 godina ili manje, i 1 bod ako imate između 36 i 40 godina. Nemački jezik: Do 4 boda ako govorite nemački i engleski jezik i posedujete odgovarajuće sertifikate. Iskustvo: Do 3 boda ako posedujete radno iskustvo u struci. Raniji boravak u Nemačkoj: 1 bod za raniji boravak u Nemačkoj u trajanju od najmanje 6 meseci. Supružnici: 1 bod ako i vaš supružnik ispunjava uslove za Kartu Šansi i želite zajedno da aplicirate. Pišite mi da li je za Vas ovo dobra opcija i da li Vas raduje karta šansi? #berlininsajder #zivotunemackoj #zivotunjemackoj #posaounjemackoj #posaounemackoj #balkanci #srbija #bosna #makedonija #nemacka #crnagora #hrvatska #vasinsajder #berlin #balkantiktok #balkanciunemackoj #balkanciunjemackoj ♬ original sound – YellowStraps

Подготвено од А.Ѓ.

About Author