10.11.2023 Скопје
Припадниците на полицијата во Дортмунд уапсија четиричлена џепна банда, претежно државјани на Босна и Херцеговина, кои се обвинети за 22 грабежи во последните пет месеци.
Според германските медиуми, уапсени се три жени и еден маж, од кои три од Босна и Херцеговина.
Најмногу џепски краделе по станиците во јавниот превоз, а цел им биле пензионерите. Имале добро испланиран систем, така што двајца секогаш ќе го одвлекуваат вниманието на жртвата, а другите двајца ќе го земат паричникот и другите вредни работи.
Тие ги користеле картичките на жртвите за подигање готовина од банкомати, а купувале и луксузна стока.
Тие првпат се појавија на полицискиот радар во јуни, а при опсежна истрага полицијата откри дека во групата има повеќе.
Бандата ја сочинувале две 21-годишни жени од БиХ, 18-годишен маж од БиХ и 24-годишна жена од Холандија.
По апсењата, полицијата во нивните станови пронашла парични средства, мобилни телефони и друга вредна роба што им ја земала на жртвите или ги купила со нивните банкарски картички.
Подготвено од А.Ѓ.