17.11.2023 Скопје
По повод неформалниот состанок на лидерите на НАТО сојузници од регионот, премиерот Димитар Ковачевски на 21 ноември ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Од владината прес-служба соопштија дека Столтенберг ќе престојува во Скопје од 21 до 22 ноември.
Генералниот секретар на НАТО и премиерот Ковачевски на 22 ноември ќе ги пречекаат поканетите лидери од Република Албанија – премиерот Еди Рама, Република Хрватска – претседателот Зоран Милановиќ, Република Црна Гора – премиерот Милојко Спајиќ и Република Словенија – премиерот Роберт Голоб.
На 21 ноември, тој ќе престојува во Србија, а ќе се сретне со претседателот Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.
Столтенберг ќе соработува и со српски научници, на кои ќе им ја презентира технологијата развиена во контекст на проектот на НАТО „Наука за мир и безбедност“.
Подготвено од М.Д.