13.11.2023 Скопје
На денешната прес-конференција Африм Гаши изјави дека по формализирањето на „нашата коалиција, нашиот сојуз одлучи да ги сплоти пратениците во една пратеничка група“.
Гаши истакна дека денеска е поднесено известување до претседателот на Собранието дека од сега па натаму партиите од Европскиот сојуз за промена ќе дејствуваат преку една пратеничка група.
Координатор на оваа група од трите партии ќе биде пратеничката Сафие Садиќи Шаини, а заменик координатор ќе биде пратеничката Мерита Коџаџику.
„На овој начин Европскиот сојуз за промена цели да ги искористи сите можности кои ги дава Деловникот на Собранието за пратеничките групи. Сметаме дека има многу отворени прашања и процеси поврзани со европската иднина на земјата за што сме сериозно заинтересирани да помогнеме“, рече Гаши.
Од таму апелираат до претседателот на Собранието, Талат Џафери да не го пролонгира изборот на членот на ДИК кој му следува на опозицијата, затоа што, како што велат, тоа го прави соучесник во непочитувањето во Изборниот законик.
Во новата пратеничка група се шест пратеници и додаваат дека се отворени за сите пратенци кои сакаат да се приклучат.
Подготвено од М.Д.