francija france

09.11.2023 Скопје

Француската влада вклучи пет милијарди евра во буџетот за 2024 година за борба против бубачки, по неколкумесечната борба против овие напади, пренесоа француските медиуми.

Предлогот да се вклучат креветските бубачки како посебен трошок во нацрт-законот за буџетот за 2024 година беше претставен од партијата Ренесанса на претседателот Емануел Макрон.

Фонд од пет милијарди евра треба да одат за субвенционирање на дезинсекција за домаќинствата со ниски приходи.

Француската премиерка Елизабет Бурн вчера по 16-ти пат се повика на членот 49.3 од Уставот за да го искористи правото на владата да го усвои предлог-буџетот без одобрение на парламентот.

Левичарската партија Неосвоена Франција одговори со гласање за недоверба.

Доколку не ја добие поддршката од мнозинството пратеници, предлог законот за буџетот ќе биде проследен до Горниот дом на 23 ноември.

Францускиот санитарен надзор „Anses“ проценува дека во последните години, креветските бубачки се присутни во секое десетто домаќинство низ Франција. Во последните месеци овие инсекти се појавија во хотели, кина, возови, па дури и траекти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author