finska

20.11.2023 Скопје

Финскиот претседател Саули Ниинисто изјави дека станало невозможно да се вратат барателите на азил кои не ги исполнуваат критериумите за заштита и дека тоа мора да се земе предвид кога се утврдуваат политиките.

„Депортирањето на мигрантите кои не ги исполнуваат критериумите за азил стана невозможно, така што влегувањето на граница значи дека ќе останете во таа земја ако сакате“, рече Ниинисто, говорејќи во државната посета на Полска.

Тој повика на решение ширум Европската унија за да се запре неконтролираното влегување во областа без пасоши.

„Невозможно е секоја земја сама по себе да се обиде да се грижи за ситуацијата што може да избие во соседната земја веднаш потоа“, рече Ниинисто.

Финска во саботата затвори четири премини на својата граница со Русија, бидејќи Хелсинки се обидува да го запре протокот на баратели на азил за кои вели дека бил поттикнат од Москва, оставајќи отворени само четири станици.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author