23.11.2023 Скопје
Премиерот на Финска, Петери Орпо соопшти дека владата на земјата одлучила да ги затвори сите гранични премини со Русија, освен еден.
„Нашата задача е да ја обезбедиме безбедноста на Финците“, рече Орпо на прес-конференција и додаде дека граничниот премин Раја-Јосеп ќе остане отворен.
Во ноември, повеќе од 700 луѓе без валидни патни документи влегоа во Финска преку Русија, поради што Хелсинки затвори неколку премини и ја обвини Москва за префрлање мигранти во Финска.
Кремљ, пак, ги отфрла сите обвинувања.
Подготвено од А.Ѓ.