22.11.2023 Скопје
Во Прегледот на финансиската стабилност за ноември 2023 година објавен денеска од Европската централна банка се наведуа дека финансиската стабилност во еврозоната останува кревка бидејќи заострените финансиски услови се повеќе влијаат на економијата, која се развива во средина на слаб економски раст, висока инфлација и зголемени геополитички тензии.
На веб-страницата на ЕЦБ наведено е дека финансиските пазари во еврозоната сè уште се изложени на неповолни макрофинансиски и геополитички случувања, како и на потенцијални ранливости кај некои небанкарски финансиски институции.
Потпретседателот на Европската централна банка, Луис де Гиндос, изјави дека слабите економски изгледи и последиците од високата инфлација ја нарушуваат способноста на луѓето, компаниите и владите да ги сервисираат своите долгови.
Во Прегледот се истакнува дека целосното влијание на построгите финансиски услови врз реалната економија ќе се почувствува само во иднина, со оглед на општото продолжување на рокот на доспевање на заемите во економските сектори кога каматните стапки беа многу ниски.
Европската централна банка заклучи дека банките во еврозоната имаат корист од зголемувањето на каматните стапки, но се соочуваат со спротивставени ветрови од повисоките трошоци за финансирање, влошувањето на квалитетот на средствата и помалиот обем на кредитирање.
Подготвено од А.Ѓ.