fenerbahche

08.11.2023 Скопје

Кошаркарите на Фенербахче на гостувањето кај Партизан во седмото коло од Евролигата доаѓаат значително ослабени.

Поради проблем со коленото, во тимот на Димитрис Итудис нема да бидат српскиот репрезентативец Марко Гудуриќ, плејмејкерот Ник Калатес, крилниот напаѓач Дајсон Пјер и центарот Сертач Шанли.

Додека на Пиеро сигурно му претстои нешто подолга пауза, постои можност преостанатите тројца да бидат подготвени за натпреварите следната недела.

Фенер одлично ја започна новата сезона и има учинок од пет победи и еден пораз, додека избраниците на Жељко Обрадовиќ имаат две победи и четири порази.

Натпреварот е закажан за четврток во 20:30 часот во Старк Арена.

Подготвено од М.Д.

About Author