15.11.2023 Скопје
Европската валута го достигна највисокото ниво во последните два месеци во однос на американскиот долар.
Според податоците на меѓународната берза Forex, еврото денеска во 16 часот се продаваше за 1,08305 долари, што е највисока од почетокот на септември.
Европската валута зајакна веќе во текот на денот, откако истражувањето на Лајбниц Центарот за европски економски истражувања (ZEW) покажа дека оптимизмот на економските експерти во однос на развојот на ситуацијата во Германија ги надмина очекувањата, пренесуваат медиумите.
Индексот „ZEW“ се искачи на 9,8 поени во ноември од -1,1 во октомври и сега е највисок во последните осум месеци.
Подготвено од А.Ѓ.