10.11.2023 Скопје
Зад ова однесување не се крие ароганција, туку желбата да не се губи време на неважни работи. Доколку се најдете на собир со припадник на оваа нација, очекувајте молк.
Дали знаете кој е најголемиот кошмар во Финска? Да стоите премногу блиску до еден Финец додека чекате автобус на станицата. Иако ова е шега која одвреме-навреме кружи на Интернет, таа всушност одлично ја отсликува културата на тој народ од северот на Европа.
Финците попрво ќе стојат расфрлани околу станицата отколку да се греат под покривот на постојката во друштво на своите сограѓани. Истовремено, да не заборавиме дека станува збор за земја во која зимата може да трае од три до седум месеци. И така беше долго пред социјалното дистанцирање поради пандемијата на коронавирус.
Проблемот не е физичката блискост – на крајот на краиштата, Финска е земја со два милиони сауни каде населението е навикнато да седи голо на релативно мал простор – не сакаат ситуации кога се принудени да разговараат со непознати.
Финците не веруваат во неискрена комуникација и муабет за небитни работи. Ако можат да избегнат разговор со странци, тие дефинитивно ќе го направат тоа.
И не, зад ова однесување не се крие ароганција, туку желбата да не се губи време на неважни работи. Доколку се најдете на собир со непознати Финци, очекувајте тишина. Тишината е злато, а говорот е сребро, е една од нивните популарни изреки.
Финците ќе разговараат само со своите најблиски пријатели, претпочитајќи да го трошат своето време на длабоки и значајни разговори за животот. Ќе нарача пијалок во кафуле без никаков вовед, а потребните намирници ќе ги купи во продавница без ниту еден изговорен збор.
Прашањето “Како си?” во повеќето земји е еден вид поздрав кој не бара вистински одговор. Но, ако пријателот му го постави ова прашање (на фински Mitä kuuluu?) на еден Финец, тој навистина ќе каже како се чувствува и што се случува во неговиот живот.
Некои веруваат дека недостатокот на муабет во финската култура е последица на големата оддалеченост меѓу населените места. Имено, некогаш луѓето морале да патуваат долги растојанија во тешки временски услови за да стигнат до друго населено место. Уморни и хипотермични, немаа трпение ниту време за разговор.
Други веруваат дека Финците се свесни за сложеноста на својот јазик, па затоа не сакаат да користат други јазици во друштво на странци, бидејќи се плашат да не бидат разбрани.
На тишината на Финците веројатно делумно влијае лошото време и недостатокот на сончеви часови, но и тоа што не сакаат да ги вознемируваат другите само за да коментираат дека веќе паѓа снег веќе петти ден во ред.
Подготвено од А.Ѓ.