evropa mapa

18.11.2023 Скопје

Шведската полиција соопшти дека во активности на криминални групи се вклучени и деца, чии конфликти се интензивирале во текот на 2023 година.

Често се работи за малолетници кои веќе се во системот на социјални услуги, а групите ги прифаќаат знаејќи дека не можат да бидат казнети со затворска казна.

Полицијата лани спроведе истрага против 336 малолетници на возраст од 15 до 17 години за недозволено поседување оружје, што е осум пати повеќе отколку во последната деценија.

„Како е можно младите Швеѓани да се спремни да убиваат, дури и нивните најдобри пријатели?“, праша Евин Четин, адвокатка која има работено со малолетници и заклучи дека тоа кажува многу за сегрегацијата, условите во кои растат младите и исклученост од општествата што ги доживуваат.

„Шведското законодавство не е подготвено за конфликти со банди и појава на деца-војници. Но, тоа ќе го промениме сега“, рече шведскиот премиер.

Сакарија Хирси, млад човек од имигрантското предградие Тенста, го основа здружението Collective Grief во 2020 година, откако тој самиот изгуби неколку пријатели во пукање. Здружението беше замислено како место кое им помага на семејствата да се справат со загубата на своите најблиски, но и да ја подигнат свеста за потребата од промени.

„Реков дека нашите деца растат пребрзо, но… нашите деца веќе не живеат доволно долго за да станат возрасни“, рече еден од членовите на состанокот на Здружението.

Во текот на 2023 година, четириесет и седум лица беа убиени поради конфликти на банди за превласт на нелегалниот пазар на дрога. Многу жртви биле невини цивили.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author