turcija i eu

24.11.2023 Скопје

Во заедничката изјава на ЕУ и Турција по вчерашната средба во Брисел меѓу еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја се наведува дека ЕУ и Турција ќе бараат начини да го забрзаат издавањето европски визи за турските граѓани.

Се додава и дека ЕУ и Турција ја потврдуваат заедничката желба да ги исполнат барањата за укинување на визите за турските патници и ќе преземат активности за подобрување на соработката по ова прашање. Се наведува дека забрзаното издавање на визите е привремена мерка до укинување на визниот режим.

„ЕК и Турција разговараа за миграциските и безбедносните прашања“, се вели во соопштението.

Се додава дека тоа се однесувало на спречување на илегалната миграција, безбедноста на границите, борбата против перење пари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author