erupcija etna

13.11.2023 Скопје

Националниот институт за геофизика и вулканологија соопшти дека уште една ерупција на вулканот Етна се случи на Сицилија.

Како што се наведува, ерупцијата се случила во југоисточниот кратер на вулканот, а висината на еруптивната колона се проценува на околу 4.500 метри надморска височина.

Сегашната фаза на ерупцијата на Етна не влијае на работата на аеродромот во сицилијанскиот град Катанија.

Етна е највисокиот активен вулкан во Европа.

Во јуни 2013 година беше вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Во март 2017 година, 10 лица беа повредени за време на вулканска ерупција на Сицилија.

Ерупциите на Етна честопати доведуваат до потреба да се затвори воздушниот простор во областа на вулканот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author