10.11.2023 Скопје
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на крајот ќе ја плати цената за „израелските масакри во Газа“.
Турскиот лидер во обраќањето пред новинарите во неговиот претседателски авион истакна дека во моментов меѓу 60 и 70 отсто од Израелците се против Нетанјаху и дека ситуацијата само ќе се влоши за израелскиот премиер.
Ердоган смета дека не е во интерес на палестинскиот Хамас да држи цивили како заложници и дека групата е подготвена да ги ослободи, но дека мора да бидат ослободени и Палестинците затворени во Израел.
Тој зборуваше и за Самитот на Организацијата за исламска соработка, кој ќе се одржи во Ријад во недела на 12 ноември, инсистирајќи дека одлуките што ќе бидат донесени за време на тој самит ќе бидат „многу голем чекор кон запирање на израелското угнетување на Палестинците“.
Подготвено од М.Д.