29.11.2023 Скопје
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на разговорот со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека Израел мора да одговара пред меѓународните судови за воените злосторства што ги има извршено во Газа.
Во телефонски разговор пред состанокот на Советот за безбедност на ОН за Газа закажан за среда, Ердоган му рекол на Гутереш дека „Израел продолжува бесрамно да го гази меѓународното право, правилата на војната и меѓународното хуманитарно право, пред меѓународната заедница“.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, дел од таканаречената „контакт група“ на муслиманските земји која води разговори со западните лидери за Газа, ќе присуствува на состанокот во Њујорк во среда, соопшти претходно Министерството за надворешни работи.
Подготвено од А.Ѓ.