10.11.2023 Скопје
Денеска Ер Србија воспостави директна рута до Порто со летот JU566.
До вториот по големина град во Португалија, српската национална авиокомпанија лета двапати неделно, во понеделник и петок, во текот на целата година.
„Убедени сме дека Порто ќе биде една од нашите најбарани дестинации во Европа и дека патниците ќе уживаат во тој прекрасен град исто како и летот до него“, изјави Бошко Рупиќ, директор за комерцијални и стратегии на Ер Србија.
„За прв пат во историјата на Ер Србија летавме за Порто“, рече Рупиќ и додаде дека Порто е на околу 2.400 километри од Белград, а авионите Ербас А319 и А320 на Ер Србија летаат на тоа растојание за нешто помалку од три и половина час.
Со воведување директни летови до Порто, лоцирано на северот на Португалија, Ер Србија ќе овозможи добри врски со многу градови во својата мрежа преку Белград, како што се Атина, Будимпешта, Копенхаген, Анкара, Истанбул, Ларнака, Љубљана, Осло, Букурешт, Прага, Солун, Скопје, Софија, Подгорица, Виена, Загреб и др.
Покрај Лисабон и Порто, српската национална авиокомпанија воведе повеќе од 20 нови градови во својата мрежа на дестинации во текот на 2023 година.
Чикаго, третата прекуокеанска дестинација на Ер Србија и втора во Северна Америка, предизвика особено голем интерес кај новите дестинации, велат од компанијата.
Подготвено од А.Ѓ.