11.11.2023 Скопје
Киев утрово беше изложен на воздушен напад и се слушнаа силни експлозии, изјави градоначалникот Виталиј Кличко, додавајќи дека засега нема информации дали има жртви.
Ова беше прв напад врз Киев од крајот на септември.
„Силни експлозии се слушнаа на левиот брег на главниот град“, објави Кличко на „Телеграм“, мислејќи на левиот брег на реката Днепар.
Тој додаде дека, според прелиминарните информации, противвоздушната одбрана била ефикасна против балистички ракети.
Воздушна тревога за Киев и блискиот регион беше издадена само неколку минути пред да се слушнат експлозиите. Градските власти ги повикаа жителите да останат во засолништа.
Подготвено од А.Ѓ.