https://www.flickr.com/photos/pittpanthersfan/49801186563

18.11.2023 Скопје

Европската комисија сака да ги продолжи за една година вонредните енергетски мерки од минатата година, кои ги усвои со цел ЕУ да се справи со гасната криза и да се заштити од идните остри скокови на цените на енергијата и брзо да се префрли на обновливи извори на енергија.

ЕК размислува да ги продолжи за една година мерките кои истекуваат за неколку месеци.

ЕК ќе предложи продолжување на мерките откако ЕУ ќе постигне договор за новите правила на пазарот на гас, и овие преговори треба да завршат овој месец, но може да се прелеат и во декември.

Ограничувањето на цената на гасот ги подели земјите-членки на ЕУ.

Некои земји, вклучително и Германија, предупредија дека ограничувањето на цената може да го отежне снабдувањето на глобалните пазари со гас, додека Франција, Полска и други земји бараат продолжување на мерката за да се спречи инфлацијата.

Енергетската ситуација во Европа во моментов е поповолна отколку во текот на минатата зима – благодарение на земјите кои обезбедија увоз на гас од други земји и го зголемија складирањето на гас.

Русија минатата година ја намали испораката на гас за Европа, што предизвика енергетска криза во Европа и доведе до рекордно високи цени на енергијата и висока инфлација.

ЕУ усвои низа мерки за справување со енергетската криза – вклучително ограничување на цената на гасот и побрза транзиција кон обновливи извори на енергија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author