08.11.2023 Скопје
Европската комисија денеска објавува три документи: Стратегија за проширување, планот за економски раст и принципите за распределба на финансиската поддршка.
Во најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија се наведува дека изминатата година не бил постигнат никаков напредок во ниту една од клучните области во првиот кластер од преговорите, потенцирајќи дека се работи за судството и борбата против корупција, реформата на јавната администрација и демократски институции.
Се наведува и дека има делумен напредок само во делот на економските критериуми.
Европската комисија изразува загриженост за измените на Кривичниот законик, се нотира и злоупотребата на европското знаменце.
Како критика беше наведено доцнењето на реформите на јавната администрација и неисполнетите обврски од лани. Критикувана беше и работата на парламентот, неусвоениот деловник и измените на изборниот законик.
Во извештајот е пофалена Владата за посветеноста на процесот на интеграциите и усогласеноста со надворешната политика со ЕУ. Додека пак, критикувана е опозицијата за опструкциите во парламентот.
Подготвено од М.Д.