chovek vo gaza

15.11.2023 Скопје

Рускиот претседател Владимир Путин и египетскиот лидер Абдел Фатах Ал-Сиси изразија длабока загриженост поради зголемениот број жртви во Појасот Газа, соопшти денеска Кремљ.

„За време на телефонскиот разговор се разговараше за влошувањето на ситуацијата во палестинско-израелската зона на конфликт. Двете страни изразија длабока загриженост поради зголемувањето на цивилните жртви, вклучувајќи жени и деца“, се вели во соопштението.

Путин изрази благодарност до Сиси за помошта на Египет во евакуацијата на руските граѓани од Газа.

„Лидерите истакнаа дека од најголема важност е да се стави крај на крвопролевањето што е можно поскоро, да се ослободат заложниците и да се овозможи непречен проток на хуманитарна помош за цивилното население во Газа“, се вели во соопштението.

Во соопштението се додава дека Русија и Египет имаат слични позиции за решавање на кризата, кои предвидуваат создавање независна палестинска држава.

Најавено е дека Путин и Сиси ќе продолжат да одржуваат контакти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author