edshtadler

08.11.2023 Скопје

Сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија, Каролина Едштадлер, на социјалните мрежи објави дека Европската Унија треба да се стреми кон пет конкретни чекори доколку сака своите зборови за солидарност кон Западен Балкан да ги усогласи со акции.

Меѓу петте точки на кои австриската министерка смета дека ЕУ треба да се фокусира е одржување меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија на почетокот на 2024 година.

Министерката, во објавата на социјалните мрежи насловена како „ЕУ мора да го преземе водството во Западен Балкан“, потенцира дека Унијата треба да постави конкретни целни датуми за пристапување за секоја од шесте земји во Западен Балкан по изборот на новиот состав на Европската комисија.

Исто така, Едштадлер смета дека ЕУ треба да се фокусира на отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина до крајот на годинава, со Црна Гора да се постигне конкретен напредок пред европските избори, а пред изборите во ЕУ да се постигне напредок и во пристапните преговори со Србија и во обработката на апликацијата на членство на Косово.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author