https://www.flickr.com/photos/number10gov/50319777486/in/photolist-2jEA1Js-2jMERtd-2jK3AcF-9LsQXT-6pePh5-2kkFDTE-2kkFEsq-2kkBmrz-2kkF4zD-bEdsGe-bEdtKx-2kApdjS-2kk4De9-2ho7hUn-briyqb-bEduui-2n9PmjC-wssdZS-d6ZXTb-6ZoaPv-2jMQ9AW-2kkFDuy-aF5m4Q-6ePyrE-6ZoskV-2jCjpU1-2keJAvb-2kkBjPS-2kkFDP6-2kkFDYj-briKVY-2kkFEo2-2kkF66V-2kkjnjp-2kkkrop-2kA7E9F-2kcm9L1-2khdqN3-bEdvat-2jhX51s-bEduUZ-briyQh-2jhBkS9-2jLr2xJ-2muj5ob-2jCnUnL-MqKv3U-2inUuLJ-2kxZhGH-2iqCzNm

02.11.2023 Скопје

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон го прашал врвниот британски научник и медицински експерт за време на пандемијата „Ковид-19“ дали е можно да се користи фен за да се убие вирусот, изјави денеска неговиот поранешен главен помошник Доминик Камингс.

Во писмениот поднесок како дел од истрагата за корона вирусот, Камингс рече дека во еден момент за време на пандемијата, Џонсон „препратил видео од маж кој дува специјален фен за коса во носот „за да го убие Ковид““.

Камингс, кој беше отпуштен од Џонсон во 2020 година, во документот од 115 страници рече дека Џонсон потоа ги прашал главниот научен советник на владата на ОК, Патрик Валанс и главниот медицински службеник Крис Вити „што мислат тие“.

Поднесокот не кажува како одговорија највисоките функционери.

Видеото кое Џонсон го испрати до врвните советници и функционери преку апликацијата WhatsApp, во меѓувреме е отстрането од YouTube.

Поранешниот премиер, како и неговиот наследник Риши Сунак, треба да сведочат во истрагата подоцна оваа есен.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author