https://www.facebook.com/photo.php?fbid=318937450414953&set=pb.100068961018275.-2207520000..&type=3

21.11.2023 Скопје

Вчеравечер во пленарната сала припадници на Министерството за внатрешни работи, по завршувањето на продолжението на 131. седница и гласањето за новиот Деловник на Собранието, извршија увид на направената штета во инцидентот што го предизвикаа пратениците од Левица.

Талат Џафери, претседател на Собранието, изјави дека понатаму постапката треба да ја води обвинителството, или по пријава од полицијата или по допрен глас од она што се гледа дека се има случувано на седницата од која има директен пренос на Собранискиот канал, како и на веб-страната на Парламентот.

Џафери истакна дека за тоа колкава материјална штета е направена дополнително ќе биде соопштено, но истата ќе треба да биде надокнадена од пратеникот Борислав Крмов од Левица.

Пратеникот Борислав Крмов од Левица во текот на вчерашната собраниска седница го искрши мониторот, воедно искрши и друг инвентар на претседавачката маса во Пленарната сала.

Претседателот на Собранието посочи дека ако некој од вработените направи штета на работа, тој го плаќа трошокот, потенцирајчи дека така ќе биде и токму во овој случај.

Од денеска до санирањето на штетата, пленарните седници ќе се одржуваат во Големата сала со купола, вклучувајќи го и обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Подготвено од М.Д.

About Author