voen brod

27.11.2023 Скопје

Два балистички проектили беа истрелани од Јемен врз американски воен брод во Аденскиот залив, откако американската морнарица одговорила на повикот за помош од комерцијален танкер што бил запленет од вооружени лица, соопшти американската војска.

Танкерот Централ Парк носел фосфорна киселина кога екипажот повикал помош. На повикот за помош одговорија УСС Мејсон, разурнувач со наведувани проектили, и сојузничките бродови од оперативната група за борба против пиратеријата што оперира во Аденскиот Залив и крај брегот на Сомалија.

„Потоа, пет вооружени лица се симнаа од бродот и се обидоа да побегнат преку нивниот мал чамец. Мејсон ги гонеше напаѓачите што резултираше со нивно евентуално предавање“, се додава во соопштението, без да се идентификуваат напаѓачите, кои се бунтовници Хути.

Неколку часа подоцна, во 1:41 часот по локално време во понеделникот наутро, беа истрелани две балистички проектили кон USS Mason и Central Park, промашувајќи ја целта за речиси 20 километри.

Се чини дека танкерот има врски со компанија во израелска сопственост; и дека овој транспорт го договорил израелскиот милијардер Ејал Офер.

Подготвено од М.Д.

About Author